Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Во 2016 со приговор без потпис се прегласуваше во Гостивар, во 2020 приговорите беа отфрлени без разгледување

Приговор без потпис од овластен претставник во 2016 беше причина за поништување…

Сподели:

Приговор без потпис од овластен претставник во 2016 беше причина за поништување на гласање и прегласување на гласачко место во Гостивар со одлука на ДИК тогаш водена од Александар Чичаковски, додека приговори без потпис во  2020 се отфрлени без да биде разгледан, токму заради тоа што немало потпис.

Која е разликата од тогаш до сега?

Приговорот на Беса тогаш во 2016 за конкретното место во Гостивар беше заради тоа што некој веќе гласал во име на жена која воопшто не излегла на гласање.  Гласачката Фатиме Сулејмани кога дошла на изборното место сфатила дека некој веќе го искористил нејзиното право на глас.

Реклама

По ова следеа повикувања и сослушувања на тогашните членови на ДИК, беше повикана и Сулејмани, а се донесе и графолог за да утврдува дали потписот бил фалсификуван.

Дел од тогашните членови на ДИК алармираа дека приговорот е без потпис од овластено лице.

Кога сме кај приговорите на БЕСА,мислам дека треба да се има предвид  и приговорот број 7, 104086 од 13.12.2016 година каде што пишува дека не е потпишан од овластено лице – истакна на седницата, Реџеп Прекопуца – потпретседател на ДИК (15.12.2016)

Тогаш и ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека приговорот треба да биде отфрлен оти немало потпис на овластено лице.

Видно од доставениот приговор усвоен од страна на ДИК е дека истиот е поднесен без потпис од страна на овластениот претставник на подносителот на приговорот, со што се повредува член 147 став 3 точка 2 од Изборниот законик. Иако дел од членовите на ДИК укажаа на овој пропуст и инсистираа приговорот да биде отфрлен поради процедурални причини или процедурални недостатоци, ДИК спротивно на член 147 став 3 точка 2 од Изборниот законик и спротивно на Правилникот за начинот и постапката за решавање на приговори истиот не го отфрли.(19.12.2016)

Но тогаш ДИК играа по едни правила сега по други. На седницата на 19 јули отфрлија  1.478 приговори од Левица оти немале потпис.

Приговорот се отфрла во ставот  1 алинеја 7, не е потпишан од  подносителот на приговорот. Вакави приговори имаме од партијата ЛЕВИЦА 1478, истакна Оливер Дерковски – претседател на Државната изборна комисија (19.07.2020)

Членови на тогашната државна изборна комисија за Алфа велат дека и во 2016 и 2020 година ситуацијата со потписите е иста, но одлуката различна, зошто не сакаат јавно да коментираат. Чичаковски по мандатарувањето во ДИК и направениот преседан на тогашните избори кога влада формираше СДСМ, по кусо време стана судија во Управниот суд.

Meри Ѓорѓиевска