Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Внимавајте од кого купувате возило: Царината откри злоупотреби при увоз на половни автомобили, но и од плацеви

Засилени контроли на граничните премини и сузбиени мрежи кои нелегално увезувале половни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Засилени контроли на граничните премини и сузбиени мрежи кои нелегално увезувале половни автомобили и месо. Царинската управа за неполни пет месеци годинава поднела 85 кривични пријави односно онолку колку што биле поднесени од 2020 до 2022 година. Според директорот Николовски, постигнати се рекордни резултати, а се дејствува на повеќе фронтови.

„Применуваме сопфатен пристап за спречување на криминалот. Ги зајакнуваме сите капацитети и внатре и на граничните премини и на оние најфрекфентните и на оние со најмал сообраќај при што ги спречуваме обидите за криумчарење“, истакна директорот на Царинска Управа Бобан Николовски.

Откриле „мерцедес“ увезен во јули 2024 година, а прикажан како штотуку увезен, со лажно завршена царинска постапка и форензички докажано фалсификуван потпис и печат на фирма која воопшто не била поврзана со увозот на возилото. За овој случај кривични пријави се поднесени против деветмина.

Реклама

„По преземените оперативни дејствија одделението за истраги и форензичка анализа направена и графолошко вештачење на одземената електронска опрема, документација од шпедитерот и нотарот од Скопје утврдено е дека документацијата употребена во сите процеси е фалсификувана како и дека е употребуван фалсификуван потпис и печат на фирма со цел возилото „Мерцедес“ да се пушти во промет без да се платат увозни давачки“, изјави директорот на Царинска Управа Бобан Николовски.

Цариниците откриле и случаи во кои увозници на месо го тарифирале месото со пониски каматни стапки за да не платат скоро 179 илјади евра. Парите се наплатени, а против сторителите се поднесени соодветни пријави.