Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВМРО-Народна партија: Постигнавме резултати со нула проценти маркетинг, довербата ни дава нови сили и енергија

ВМРО-Народна партија им честита на сите политички партии за покажаниот демократски капацитет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-Народна партија им честита на сите политички партии за покажаниот демократски капацитет при реализацијата на предизборната кампања како и првиот изборен круг кој помина во претежно коректна и фер атмосфера, се наведува во соопштението на ВМРО-Народна партија. 

ВМРО-Народна партија како активен учесник со свои кандидати покрај коалицијата со СДСМ, настапи и со свои листи во три општини и тоа:

во општина Илинден со освоени 7.50% и еден советнички мандат, во општина Чешиново-Облешево 6.40% и еден советнички мандат, како и освоени 4% со градоначалничкиот кандидат во Тетово, Стевица Саркоски.

Реклама

Напоменуваме дека овој резултат покрај секојдневната работа на теренот како и активното учество во политичките процеси изминатите четири години е постигнат без никакви реклами и нула проценти маркетинг.

ВМРО-Народна партија им благодари на сите членови, симпатизери и пријатели за добиените гласови како и искажаната доверба која ни дава нови сили и енергија да продолжиме да ја чуваме, како единствена партија, изворната идеологија на ВМРО, но и да се бориме како достоинствена опозиција и коректор на политиките на Власта. Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија