Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче ја составил, потпишал и одобрил техничката спецификација за модуларната болница во Тетово без соодветен елаборат за електрична енергија?

Филипче ја составил техничката спецификација за модуларната болница во Тетово без соодветен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче ја составил техничката спецификација за модуларната болница во Тетово без соодветен елаборат за електрична енергија, и без целосно почитување на безбедносните стандарди, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Дополнително, Светска банка одобрила 30 милиони евра за изградба на модуларните болници, додека реалната цена по која биле изградени објектите била значително пониска и изнесувала околу 300.000 евра. Јавноста има право да знае каде завршиле парите и зошто профитот бил поважен од безбедноста на граѓаните.

Во здравството не смеело да се дозволуваат калкулации и импровизации за остварување на личен профит.

Реклама

Според јавно изнесените тврдења на поранешната обвинителка Лејла Кадриу, во обвинението биле опфатени само медицинскиот и економскиот директор на тетовската болница. Филипче бил надлежен за техничката документација. Се поставува прашањето зошто бил заштитен од правосудните органи.

Граѓаните имаат право да знаат зошто била дозволена изградба на болница со минимални стандарди и дали профитот бил ставен пред безбедноста.

Очекуваме Јавното обвинителство, согласно законите и доказите, целосно, темелно и неселективно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово.