Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Злонамерни и лажни се и обвинувањата на СДСМ за повластување на „шоферот на министерот“ за кабинетски службеник

За ВМРО-ДПМНЕ, злонамерни и лажни се и обвинувањата на СДСМ за повластување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За ВМРО-ДПМНЕ, злонамерни и лажни се и обвинувањата на СДСМ за повластување на „шоферот на министерот“ за кабинетски службеник

-Злонамерни и лажни се и обвинувањата на СДСМ за повластување на „шоферот на министерот“ за кабинетски службеник. Возач на министерот е лице определено од Службата за општи и заеднички работи и не е кабинетски службеник. Именување на претседател на УО на Македонската Опера и Балет е лице кое е вработено во МКТ но не е кабинетски службеник на министерот за култура и туризам, туку е професионалец кој работи во МКТ 15 години. Да не се навраќаме на потрошените буџетски средства на претходната ваша министерка и на вашите директори кои во исто време беа и директори и селектори и членови на комисии во Министерството за култура, велат од партијата.

Според нив, сите овие обвинувања се само конструкции и злонамерен обид да се прикријат седумте катастрофални години на владеење на СДСМ, особено душманскиот однос кон македонската култура.

Реклама

-Ако е и од СДСМ партијата која брусеше шахти, го продаде македонскиот идентитет и безочно го понижуваше македонскиот граѓанин на сметка на туѓи интереси – премногу е! На актерката Катерина Илиевска и посакуваме својот талент на интерпретација да го насочи кон театарските сцени, а од СДСМ очекуваме јавно извинување за искажаните небулози и дезинформации. Доколку тоа не се случи, Министерството ќе ги преземе сите правни мерки за заштита на својот углед и на угледот на своите претставници.

Потенцираме, потрошените средства за Јапонија кои се споменуваат изнесуваат точно 3.485.080 денари и не се искористени за бројна делегација од МКТ како што СДСМ сакаат да прикажат туку наменети се исклучиво за патните трошоци, билети, сместување и дневници за уметниците од НУ Ансамбл Танец!

Сите службени патувања на министерот Љутков и вработените во МКТ се реализирани со јасна културна и дипломатска агенда. Секој трошок е транспарентно објавен и достапен за јавноста. Обидите да се проблематизираат службено оправданите патувања, се класичен пример на сензационализам и манипулација. Сакаме да потенцираме дека патувањето во Јапонија, кое тенденциозно се споменува, е дел од официјална програма за меѓународна културна презентација на државата и е во духот на историскиот Договор за соработка кој беше потпишан минатата година со оваа држава. Единствен критериум при изборот на програмата за Експо Осака е квалитетот! Овој пат наместо препарираниот рис и орел кои беа едни од главните содржини на Експо Дубаи 2021 кога тие владееја , пред јапонската и светската јавност ги нудиме нашите амбасадори, Танец, Ана и Игор Дурловски, Кирил Џајковски и Владимир Василевски-Четкар! Наместо да го поздравиме видливото присуство на нашата држава на овој настан, СДСМ најбезочно ги омаловажува уметниците, и ја извртува вистината.

СДСМ била и е партија која секогаш ги омаловажува уметниците и не може да се помири во евидентната разлика на работа, посветеност во културата, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.