Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Во Чешиново-Облешево се работи на локална инфраструктура, чистење на диви депонии и подобри услови за млади

Во општина Чешиново-Облешево изминатава година се работи на подобрување на условите за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во општина Чешиново-Облешево изминатава година се работи на подобрување на условите за живот на граѓаните и создавање подобри можности за семејствата, младите и најмладите, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во делот на поддршката за семејствата, секое прваче доби финансиска поддршка од 3.000 денари, додека за секое првородено дете семејствата добија парична помош од 6.000 денари. Исто така, младите брачни парови се ослободуваат од комунални трошоци за изградба на дом.

Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ,  вложува и во подобрување на локалната инфраструктура. Реконструирани се улиците „Сремска“, „Јоаким Крчовски“, крак на улицата „Први мај“ и „Осоговска“, а во завршна фаза се улиците „Маршал Тито“ и „Прохор Пчински“.

Реклама

Посебно внимание се посветува на најмладите и на создавањето подобри услови за нивниот развој. Во тек е проширувањето на детската градинка во с. Облешево, со цел зголемување на капацитетите. Изграден е и нов парк во Облешево со детски реквизити, а реконструиран е спортскиот терен во ООУ „Страшо Пинџур“ Соколарци.

Во насока на создавање почиста и поуредна животна средина, исчистени се диви депонии, а предвидена е и набавка на мулчер и нова компресорска цистерна.

Општината формираше и Земјоделски совет, кој ќе работи на изнаоѓање конкретни решенија за проблемите со кои се соочуваат земјоделците и ќе придонесе за подобра комуникација и поддршка на земјоделскиот сектор.