Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДСМ во земјоделството остави неисплатени плати и субвенции, сега обврските редовно се сервисираат и расте производството

Кога се чита СДСМ и неговите првенци предводени од Венко Филипче, човек помислува дека СДСМ не е оттука, дека до пред две години не биле власт. Како да се нова партија која до сега не учествувала во власта, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Наспроти ова реалноста е следна, СДСМ до пред две години ја […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кога се чита СДСМ и неговите првенци предводени од Венко Филипче, човек помислува дека СДСМ не е оттука, дека до пред две години не биле власт. Како да се нова партија која до сега не учествувала во власта, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Наспроти ова реалноста е следна, СДСМ до пред две години ја предводеа македонската влада и тоа што го оставија зад себе е пустош во сите области, вклучително и во земјоделието.

Земјоделците, се едно од оние кои најсурово на свој грб ја осетија раката од владеењето на СДСМ со неисплатени плати и субвенции, ниски откупни цени, несигурен пласман и земјоделски производи кои завршуваа на буниште.

Реклама

Владата на СДСМ остави во наследство неисплатени субвенции за земјоделците за цели четири години, почнувајќи од 2020, 2021, 2022 и 2023 година. Тоа е еден цел мандат каде што СДСМ и неговите министри во земјоделие, меѓу кои и Љупчо Николовски, кои за земјоделците не направиле ништо, а парите за исплата никаде ги нема.

И кога сме и кај сточарите и млекото, за што СДСМ зборува и последното соопштение, ги потсетуваме дека, како и кај многуте сектори, така и тука за 17 месеци во нивниот период на власт немаа исплатено субвенции за предадено млеко.

Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт исплатени се 350 милиони денари за неисплатени плати на вработените во ЈП Национални шуми и АД Водостопанство, кои СДСМ со месеци ги остави без приходи.

Во периодот од 27.07.2024 до 31.12.2024 исплатени се близу 4 милијарди денари, додека од самото преземање на власта од ВМРО-ДПМНЕ до денес исплатени се близу 14 милијарди денари за заостанати и тековни обврски во земјоделството.

Неспособноста на СДСМ не се гледа само во неисплатените субвенции и плати, туку и во неискористените средства од кредити, така што државата токму поради нивната неспособност исплати над 2 милиони евра како провизија за неискористени средства по основ на одобрен кредит од KFW.

Тоа што му останува на СДСМ сега да прави е да гледа и да учи како се работи во интерес на државата и граѓаните, вклучително и земјоделците, особено во млекопроизводството, затоа што работата на ВМРО-ДПМНЕ ја потврдуваат и статистичките податоци.

За прв пат после десет години во 2025-та година има зголемување на произведените количини на кравјото млеко за 2,7% во споредба со 2024-та година, зголемување има и во производство на овчото млеко за 4% повеќе во однос на 2024-та година.

Зголемување во однос на 2024 година има и во делот на производството на јајца, во произведените количини на свинско месо, количини кои целосно ги покриваат потребите на домашниот пазар, како и во производството на пченица, при што лани, за прв пат после многу години, се откупија над 300.000 тони пченица.

За седум годи власт СДСМ не направи ништо за македонското земјоделство, остави само разочарани, револтирани и незадоволни земјоделци.

Додека со ВМРО-ДПМНЕ на власт, македонските земјоделци имаат партнер со кој заеднички ги решаваат сите проблеми и предизвици и заеднички градат стратегии за развој на земјоделството.