Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата веќе донесе Акциски план за чист воздух со мерки кои се имплементираат

Борбата против загадувањето, посебно на воздухот, е долг процес кој бара стратешки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Борбата против загадувањето, посебно на воздухот, е долг процес кој бара стратешки пристап. СДСМ за време на седум годишното владеење не направи ништо и не преземаше никакви мерки за намалување на загадувањето на воздухот. Да направеа нешто, како што впрочем сега од опозиција тврдат, до сега веќе би ги почувствувале првите резултати и Скопје и другите македонски градови, со сигурност, немаше да бидат лидери на европските и светски листи по загаденост на воздухот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во однос на борбата против загадувањето, СДСМ буквално ги проспаа седумте години на власт и сега за шест месеци очекуваат чуда да се случат и воздухот наеднаш да стане чист без штетните честички. Кога СДСМ предлагаат некои мерки добро е да се информираат, или барем да изгуглаат, па ќе видат дека тие мерки што ги предлагаат како итни, веќе се донесени и се имплементираат. Владата веќе донесе Акциски план за чист воздух за период 2024-2025 година, кој вклучува имплементација на краткорочни мерки на национално ниво за намалување на емисиите на цврсти и штетни честички. Овој Акциски план е изработен од Министерството за животна средина и просторно планирање и е донесен 21 ноември 2024 година. Во него се предвидени сите мерки кои СДСМ сега како загрижена опозиција ги предлага, како што се правилно користење на огревното дрво за затоплување на домовите, вонредни инспекциски надзори на инсталации со А и Б интегрирани еколошки дозволи, вонредни контроли на станиците за технички преглед на возила, вонредни контроли на техничката исправност на возилата, редовно чистење на атмосферските шахти и миење на улиците и тротоарите, вонредни контроли на градилиштата, строга забрана за горење на отворено и така натаму, велат од партијата.

Исто така, се доделија и ваучери за инвертер клими со цел промена на начинот на затоплување на домовите и истата мерка ќе продолжи и годинава.

Реклама

-Освен овие краткорочни мерки кои се на сила и се спроведуваат, за да се реши проблемот со загадувањето потребни се и долгорочни мерки и инвестиции како што е изградба на гасна централа, која ќе овозможи еколошки и пристапен за сите начин на затоплување на домовите и конкурентна енергија за стопанството и индустриските капацитети. За изградба на една ваква централа, веќе има заинтересиран инвеститор и ВМРО-ДПМНЕ интензивно работи што побрзо да се дојде до договор и до нејзина реализација, велат од владејачката партија.