Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата гради посилна економија, просечната нето-плата зголемена за скоро 8.000 денари

Владата гради посилна економија, просечната нето-плата зголемена за скоро 8.000 денари, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека економската политика дава резултати. Стандардот на граѓаните постојано се подобрува, а платите континуирано растат. Македонската економија бележи стабилен раст веќе 7 квартали по ред, со БДП од 3%, што е јасен показател […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата гради посилна економија, просечната нето-плата зголемена за скоро 8.000 денари, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека економската политика дава резултати. Стандардот на граѓаните постојано се подобрува, а платите континуирано растат. Македонската економија бележи стабилен раст веќе 7 квартали по ред, со БДП од 3%, што е јасен показател дека земјата е на вистинскиот пат.

Резултатот на конкретната и посветена политика на Владата ги става граѓаните на прво место, се покачија платите на просветните работници, здравствените работници, припадниците на полицијата и одбраната.

Реклама

Бројките го потврдуваат ова. Просечната нето-плата пораснала од 40.496 денари на 48.433 денари за само две години, зголемување од 19,6%. Дури и кога ќе се земе предвид поскапувањето, реалната куповна моќ на граѓаните е значително зголемена, односно платите растат побрзо од цените.

Оваа позитивна тенденција не е ограничена само на одредени сектори, раст бележат информациите и комуникациите, транспортот, рударството, недвижностите, и многу други дејности, што покажува дека напредокот е широк и го опфаќа целото општество.

Инфлацијата се стабилизира, економијата расте, а платите продолжуваат нагорна патека. И ова е само почетокот, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на уште подобри економски резултати во иднина.