Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Уште една срамна и спротивно на правото судска одлука за Модуларната во Тетово

Македонскиот судски систем повторно во функција на СДС и ДУИ. По којзнае…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот судски систем повторно во функција на СДС и ДУИ. По којзнае кој пат, македонските судии, наместо во служба на правото и правда, се ставаат во служба и во корист на избрани лица во политиката, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Судската пресуда за Модуларната болница во Тетово, не е во служба за задоволување на правдата, таа единствено е во служба и во согласност со волјата на Венко Филипче и Али Ахмети.

Ниска и срамна е пресудата од по една година и шест месеци казна затвор за тогашните директори на тетовската болница, за случај во кој на 8 септември 2021 година, живи изгореа 14 луѓе. А, Клиничка болница Тетово, која беше прогласена за виновна како правно лице, треба да плати околу 16-тина илјади евра.

Реклама

Оваа пресуда само покажува дека во правосудниот систем има луѓе кои се под директно влијание на СДС и ДУИ, поединци кои не судат по закон и правни норми, туку исклучиво по волјата на СДС и ДУИ.

Оваа, надвор од сите правни норми пресуди, не обврзува да ги повикаме надлежните да почнат постапка за разрешување на оние кои се инволвирани во носењето на оваа срамна пресуда за трагедијата во Модуларната болница во Тетово.

Исто така, ја повикуваме и Управата за јавни приходи да го испита потеклото на имотот на судијата кој ја донесе оваа срамна пресуда.

Ахмети и Филипче, кој се сонча по песочните плажи во Дубаи, да одат кај семејствата на жртвите, да ги погледнат во очи и да им кажат зошто е донесена вака срамна одлука.

Исто така, Филипче нека им каже дека тоа се случило, бидејќи тој го презел тендерот за изградба на модуларните болници од локалната самоуправа, свесно и по налог на Зоран Заев, Анѓушев и Али Ахмети.

Ова е пресуда од која се незадоволно сите и која буди голем револт и го крева народот на нозе.

ВМРО-ДПМНЕ, категорично е против сите кои се мешаат и го контролираат правосудниот систем и ќе поддржи секаков израз на револт и незадоволство од пресудата, која очигледно е донесена по желбите на Филипче и Ахмети.

Право, правна држава и одговорност мора да има, стои во соопштението на владејачката партија.