ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи во Брвеница со предност околу 800 гласа во однос на кандидатот на ДУИ. Во однос на СДСМ победивме со разлика поголема од 4 спрема 1. Од 6 кандидати, Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ освои 2945 гласови, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ и Венко Филипче доживеја уште еден изборен дебакл во Брвеница. СДСМ според резултатот во Брвеница доживеа уште еден сериозен изборен неуспех. СДСМ се наоѓа на четвртото место, со повеќекратно помала поддршка од ВМРО-ДПМНЕ.
На СДСМ им го честитаме освоеното четврто место и им посакуваме уште многу вакви резултати со Венко Филипче на чело.
И покрај дебаклот во низа на СДСМ, Венко Филипче не треба да си поднесе оставка бидејќи се додека тој управува со СДСМ и е послушник на Заев, граѓаните тоа ќе го препознаваат и ќе се одлучат за работа и резултати, и борба за иднина каква нуди Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со работа, одговорност и јасна цел, победа на 1 ноември и иднина со повеќе резултати за сите граѓани на Брвеница, без разлика на нивната етничка припадност.
Целта на ВМРО-ДПМНЕ е Брвеница да биде општина на сите нејзини жители, со подобри услови за живот, нови можности и конкретни проекти што ќе донесат вистински напредок.

