Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Тренчевска зборува за животен стандард, а граѓаните од СДСМ паметат само двоцифрена инфлација и осиромашување

Поранешната министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, денес зборуваше за животниот стандард, иако токму во времето кога СДСМ беше на власт граѓаните се соочуваа со двоцифрена инфлација и сериозно намалување на куповната моќ. По седум години политики кои го доведоа народот на работ на егзистенција, денес на СДСМ им пречат мерките што носат […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешната министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, денес зборуваше за животниот стандард, иако токму во времето кога СДСМ беше на власт граѓаните се соочуваа со двоцифрена инфлација и сериозно намалување на куповната моќ.

По седум години политики кои го доведоа народот на работ на егзистенција, денес на СДСМ им пречат мерките што носат повисоки приходи и подобар стандард за граѓаните.

Владата, и покрај наследената празна државна каса од СДСМ и последиците од глобалната криза, спроведува политики кои даваат конкретни резултати.

Реклама

Просечната нето-плата од 2024 година до денес е зголемена за близу 8.000 денари, односно за 19,6%, додека инфлацијата е стабилизирана.

Зголемени се пензиите, како и платите на здравствените работници, просветните работници и вработените во одбраната и полицијата.

Стапката на невработеност е намалена од 12,5% на 11,3%, додека стапката на вработеност е зголемена од 45,6% на 46,5%.

Економските показатели го потврдуваат напредокот. Македонија бележи раст на БДП од 3% во 7 последователни квартали и се вбројува меѓу побрзорастечките економии во Европа.

Овие резултати покажуваат дека економските политики на Владата носат конкретни придобивки за граѓаните и создаваат основа за натамошно подобрување на животниот стандард.