Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Судството не суди согласно закон и со цел постигнување правда, уште еден доказ за тоа е Васил Јованов

Корумпираното судство што денеска го имаме е резултат од владеењето на СДСМ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Корумпираното судство што денеска го имаме е резултат од владеењето на СДСМ и ДУИ, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Дури и сега откако се во опозиција секојдневно се чувствуваат неправдите, што со години им ги нанесуваа на граѓаните. Тие неправди се поради тоа што СДСМ и ДУИ создаде една корумпирана и криминална мрежа на ‘свои’.

Секој ден, граѓаните се соочуваат со неправди, поради тоа што власта на СДСМ и ДУИ немаше поим што значи судство и дека правдата треба да биде слепа, односно еднаква за сите, а не да има исклучоци за кои важат некои измислени закони.

Реклама

Таков беше случајот со Васил Јованов, кој ја усмрти младата Фросина Кулакова годинава во јануари.

Јованов, како привилегиран и близок со тогашната власт, бил фатен со дрога, во време кога бил веќе полнолетен, притоа не чувствувал вина за криминалот кој го направил  и наместо затворска казна добил пресуда упатување во поправен дом од страна на судијката  Даниела Алексовска Стојановска.

Инаку, Алексовска Стојановска куќата на нејзиниот татко во Ранковце ја претвори во општински штаб на СДСМ.

Ова е истиот тој Јованов кој ја усмрти Фросина на булеварот Партизански одреди, возејќи без возачка дозвола и во алкохолизирана состојба.

Вака изгледа заробеното судство на СДСМ и ДУИ.

Вака изгледа неправдата, која секој еден граѓанин ја чувствува секојдневно.

Во една нормална држава, не онаква како што си ја замислуваат СДСМ и ДУИ, правосудниот систем постои да ги заштити граѓаните. Не постои за  луѓето и функционерите на СДСМ и ДУИ, кои немаат воопшто допирна точка со реалноста, да го користат судството и да прават што сакаат.

И покрај ред вакви случувања, кои јавноста будно ги следи, и има многу јасен и цврст став за правосудниот систем во земјава, не може и понатаму судиите и обвинителите да се однесуваат незаинтересирано и да се фокусирани само на платите.

Што сакаат да порачаат? Платите се ниски, па затоа земаме мито?

Потребни се темелни промени во правосудството. Потребни се промени кои ќе ја вратат довербата на граѓаните во правосудниот систем.

Потребни се промени, за да се изгради систем еднаков за сите, без привилегирани, без ‘наши или ваши’.

Правдата важи за сите и законите важат за сите.