Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ со реакција на ставови на Али Ахмети

ДУИ е во очај. Штом Ахмети се враќа 24 години наназад со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДУИ е во очај. Штом Ахмети се враќа 24 години наназад со тезите откако да се потсетиме во тие 24 години, 23 беше на власт и е учесник во целото газење, компромитирање и корумпирање на институциите. Сега после 23 години власт му текна да зборува за 2001 година, конфликт чии бенефити и материјализирање најдобро го осетија 50тина луѓе од врвот на ДУИ, кои од овчари, земјоделци, механичари и слаткари (со сета почит кон чесните носители на овие професии), станаа шеици и тајкуни заради слабата држава и нивната перманентна закана и континуирана злоупотреба на етнички теми во ситуации кога треба да се зборува за реформи, иднина, подобар живот на граѓаните, и борба против корупција од која тие се преплашени, велат од ВМРО ДПМНЕ.

ДУИ може колку сака да потсетува на 2001, сега сме 2025, и не само што не може да ја делат Македонија, туку може и да завршат во затвор за криминал и за тоа што ја разјадуваат Македонија и ги злоупотребуваат пред се своите гласачи.

И една друга теза која ги повикавме Албанците да ја слушнат јасно, дали сте свесни дека додека ДУИ е на власт, овие 24 години има егзодус на Албанците (и на Македонците и останатите, но во огромен процент на Албанците), и има толку раселени Албанци од Македонија што Ахмети дури и да ја поделел во 2001, сега Македонија што ќе му останела ќе била иста и бетер како оваа целата, сиромашна, опљачкана и празна.

Реклама

Ние се бориме за доброто на сите. И апелираме да не се дозволува да се инволвира јавноста во овие теми затоа што Ахмети ако не зборува за овие теми станува безначаен, празен и гол, при што лесно се гледа неговото вистинско корумпирано лице, и на неговите најблиски.

ДУИ без да се реформира освен со Филипче заради тоа што се исти и со исти вредности и одраз на еден ист ментален склоп, нема соговорник и публика кај никој друг во македонскиот блок, ниту пак некој ги сфаќа сериозно нивните потсетувања на конфликтот после 24 години нивно владеење во земјава од која остана пепел, сиромаштија и се произведоа тајкуни блиски до ДУИ и дел од ДУИ.

Очигледно српското влијание во ДУИ е непобитно. Голем мерак имаат да бидат како оние српски скороевичи кои се збогатија на грбот на српскиот народ во време на Милошевиќ и ембарга и шверцови и рушење на државниот поредок и општа пљачка.

Нашиве српски мафијаши од ДУИ се одраз во огледало на милошевиќевите криминалци, но огледалото во кое се огледуваат тие е од Али-експрес и затоа делуваат во една јавност со вкус и чувство со нормалност,  трагикомично.