Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Прилози

ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за локалните избори: Пред лето ќе се знаат најголемиот број од кандидатите за градоначалници

Уште на стартот на годината ВМРО-ДПМНЕ почнува со подготовки за успешен настап…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уште на стартот на годината ВМРО-ДПМНЕ почнува со подготовки за успешен настап на локалните избори во октомври. Општинските комитети веќе испратиле предлог имиња со кои ВМРО-ДПМНЕ треба да се бори за градоначалничките места. Внатрепартсиката дебата е во тек, а месецов ќе започнат и мерењата на рејтинзите на можните кандидати, соопшти премиерот Христијан Мицкоски. Најголемиот број од имињата би требало да бидат познати пред летото.

-Во моментот е во тек внатрепартиската дебата, веќе од страна на општинските комитети се пристигнати предлози имиња кои што треба да се најдат на анкетите, на мерењата. Започнуваме во втората половина од јануари да мериме интензивно и очекувам таму некаде втората половина на мај месец би рекол 85, 90 проценти од имињата ги соопштиме на македонските граѓани, изјави Мицкоски.

Додека најголемата владејачка партија се подготвува за настап на локалните избори, опозицијата бара смени на владини функционери. Во петок Собранието ќе почне расправата за интерпелации поднесени од ДУИ за вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, неговиот заменик Астрит Исени и претседателката на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади Илире Даути.

Реклама

Мицкоски вели очекувал вакво нешто од опозицијата, која наместо да се реформира, се обидувала неосновано да ја напаѓа власта.

-Очекувам од страна на опозицијата напади кои што ќе поларизираат, очекувам да поттикнат чувства на меѓуетничка нетолеранција, но мислам дека тоа ќе биде јалово и неуспешно и ќе заврши овој обид како неуспешен обид. Очекувам критики кои што ќе бидат неосновани и кои што немаат никаква врска со реалноста. Но, добро таква ни е опозицијата во овој момент. 09:59

Собранискиот спикер Африм Гаши претходно кажа дека секоја интерпелација ќе се дискутира во текот на целиот ден во зависност од пријавените пратеници за збор, но сепак на крајот на денот ќе мора да се гласа.

Матеја Петровски