Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM шири дезинформации и непотребна паника, нема суспендирање на визите за САД

СДС, наместо да биде конструктивна опозиција, која ќе има аргументирана критика, таа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДС, наместо да биде конструктивна опозиција, која ќе има аргументирана критика, таа пласира тенденциозна манипулација со цел дефокусирање од сопствениот неуспех. Да разјасниме за јавноста и за граѓаните, СДС користи дезинформации за американската визна политика. Факт е дека не станува збор за забрана за патување, ниту за целосен прекин на визите за граѓаните. Едноставно, станува збор за ПРИВРЕМЕНА ПАУЗА на постапки поврзани ИСКЛУЧИВО СО ИСЕЛЕНИЧКИТЕ ВИЗИ за САД за кои има најмал број апликации, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на СДСМ.

Дополнително, не станува збор за целосна забрана за патување или влез во САД и не влијае на другите категории визи за САД, односно не претставува никаква пречка и не постои никакво ограничување за другите категории визи, како што се туристичката виза, студентската итн. Политиката останува непроменета во однос на овие визи.  

Воедно, сакаме да ги потсетиме и јавноста и СДСM дека кога се појавија податоците за тарифите за даноците од САД, опозицијата критикуваше дека сме вброени во земјите со највисоки тарифи, а кога ВМРО-ДПМНЕ издејствува да бидат најниски, СДСM го снема, наеднаш исчезна од јавноста. Вакво нешто се случува и сега. Наместо одговорно информирање, се шири паника и се шпекулира.

Реклама

Македонија има одлична и континуирана соработка со нашиот стратешки партнер САД, а тоа ќе продолжи и во иднина затоа што работиме исклучиво во интерес на граѓаните и државата.