Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ на чело со Филипче избра статус кво наместо промени, партијата е заробена од старите структури кои со роденденската еуфорија за Заев, испратија поразителна порака

Пораката од роденденот на СДСМ е поразителна. Одушевувањето, еуфоријата и восхитот од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пораката од роденденот на СДСМ е поразителна. Одушевувањето, еуфоријата и восхитот од пристигнувањето на нивниот врховен лидер и ментор на Филипче, Зоран Заев јасно покажа кој ги држи конците во СДСМ, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Пречекот и аплаузот за Заев се доказ дека Филипче и истите лојалисти на Заев продолжуваат по старата матрица, на заштита на поединци, затворени кругови и игнорирање на гласот на сопственото членство.

Во СДСМ владеат кланот Заеви и нивниот чирак Филипче, а оние кои не бараат функции туку вредности и принципи остануваат на маргините.

Реклама

Зоран Заев е синоним на криминалот, корупцијата и предавството на националните интереси на државата. Венко Филипче како негов следбеник и лојалист јасно покажа дека ништо не научиле и дека немаат намера да се променат.

Филипче и истите стари структури лојалисти на Заев продолжуваат по старата шема на заштита на криминалот на поединци наместо промени, катарза и заштита на интересите на членството и државата.

Наместо самокритика и реформи во партијата, Филипче покажа дека е послушник на Заев и интересите на кланот Заеви. Без расчистување со старите структури лојални на Заев нема нов СДСМ, а без одговорност СДСМ не заслужува доверба од народот.