Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM манипулира со инфлацијата, фактите покажуваат дека нашите економски политики даваат резултати

Очигледно е дека СДСM повторно се обидува да ја манипулира јавноста преку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Очигледно е дека СДСM повторно се обидува да ја манипулира јавноста преку селективно користење на статистики и ширење паника, свесно премолчувајќи го контекстот и причините за сезонските разлики во цените, притоа заборавајќи дека токму тие ја донесоа државата до економски колапс, рекордна инфлација и целосно урнат животен стандард, се вели во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ за инфлацијата.

Кога СДСM зборува за инфлација, треба да се потсетат дека во нивно време инфлацијата достигна двоцифрени нивоа, а граѓаните плаќаа најскапа храна и струја во историјата, односно граѓаните живееја со 150 денари на ден. Денес, инфлацијата постепено се стабилизира во услови на глобална економска криза, енергетски шокови и последици од војната во Европа, со кои се соочуваат сите држави.

Факт е дека инфлацијата во април споредено со март изнесува 1,3%, што покажува стабилизирање на цените и постепено смирување на инфлаторните притисоци. Она што го премолчуваат СДСM е тоа дека  годишната стапка од 5,7% е резултат и на споредбената основа, бидејќи минатата година во овој период беа активни мерките за велигденската кошничка, кои привремено ги намалија цените на одредени производи.

Реклама

ВМРО-ДПМНЕ навремено презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните, а тие мерки беа позитивно оценети и поздравени од ММФ како одговорни и насочени кон стабилизација на економијата.

Дополнително, Владата ги намали акцизите на горивата, со што бензинот е поевтин за 2 денари, а дизелот за 4 денари, директно намалувајќи го притисокот врз трошоците на граѓаните и компаниите.

За разлика од СДСM, кои оставаа кризи без решенија и ја туркаа државата во долгови без ефект, ВМРО-ДПМНЕ работи одговорно, домаќински и со конкретни политики за економска стабилност и поддршка на граѓаните.