Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: СДСM ли најде да зборува за култура

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: „Кој зборува за култура? СДСМ? Партијата која на чело…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

„Кој зборува за култура? СДСМ? Партијата која на чело на Министерството за култура ја имаше Бисера Антоанета?

Со СДСМ, парите во културата завршуваа или за мечиња за Бисера или за УЧК песни.

Реклама

Јасно се гледа дека во Министерството за култура по нивната логика оправдано беше само да се трошат државни пари за плишани мечиња и шопинзи во Лондон.

СДСМ кога зборува за култура нека се сети само што правеа нивните луѓе во оваа област. Ако им се веќе заминати бидејќи е евидентно дека им се ситни партијата, нека ги прашаат оние кои знаат да гуглаат и да најдат на интернет. Само да потсетиме им се ситни поради послушникот на Заев, Филипче, кој само му го чува претседателското столче во СДСМ.

СДСМ ги игнорираше сите уметници кои немаа врски блиски до власта и формираше тесен круг на истомисленици и слепи поддржувачи, а сите кои не се сложуваа со нивните мислења беа прогонувани.

Институциите не се експериментална лабораторија, како што се вели во нивното партиско соопштение, туку се директен резултат на нивната партизација на истите.

Или не се сеќаваат кога Бисера Антоанета делеше грантови без никакви критериуми, или кога делеше пари на новоформирани НВО, за сомнителни работи кои дополнително поткопа било што, што е поврзано со култура.

СДСМ од култура знае само партизација или непрофесионалност, и кражба за лични цели, а не за промоција на културни вредности.“