Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и натаму продолжува со она во што се најдобри, а тоа е растурање на пердуви и ширење на лаги

СДСМ на денешната прес-конференција ја продолжија политиката што најдобро ја знаат, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ на денешната прес-конференција ја продолжија политиката што најдобро ја знаат, а таа е растурање на пердуви во јавноста и ширење на лаги и невистини, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ.

Прво, Македонија убедливо има најниска цена на нафтата и нафтените деривати во регионот, и е меѓу првите со најниски цени и во Европа. Тоа е поради интервенцијата на Владата во делот на ДДВ-то каде што се намали од 18% на 10% и делот на акцизите каде се намалија цените за дизелот за 4 денари, а бензините за 2 денари. Дополнително, договорен е и дополнителен попуст од 3 денари од ОКТА.

Второ, Македонија за разлика од порано не е држава која очекува од другите сожалување и помош, туку е држава која нуди стабилност и помош на нашите соседи. Не одиме ние во други држави да бараме одредени производи по пониски цени, туку тие доаѓаат кај нас.

Реклама

Трето, цените на патарините за нивниот пратеник Бочварски и поранешен министер за транспорт, кога беа на власт велеа дека се ниски. Така да оваа теза за намалување на цените на патарините, кои од таа изјава на Бочварски до ден денес се исти, паѓа во вода и е контрадикторна.

Четврто, македонската инфлација во времето на кризата поради војната во Украина во Македонија се вивна во дадени периоди и над 20%, а просечна инфлација за 2022 година беше 14,2%. Денес, се очекува инфлацијата да биде нешто помеѓу 4-5%, што е за 3 пати помалку, а говориме за криза која според Фатих Бирол, шеф на Меѓународната агенција за енергија, е полоша и од кризите во 1973, 1979 и 2002 година заедно.

Петто, Владата направи колективни договори со работниците на кои таа им е работодавач и платите во јавниот сектор се зголемуваат за над 40% до 2028 година, додека некои ќе достигнат и до 60%.

Шесто, растот на БДП во сите квартали од кога е дојдена Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски е над 3%. Што директно докажува дека било каква криза и да има, државата е спремна за истата.

Седмо, следната недела ќе бидат на владина седница дополнувањата и измените на Закон за нефер трговски практики, каде што ќе се зголемат казните за оние кои ќе ги злоупотребат или заобиколат законите, а со единствена цел, заштита на стандардот на граѓаните.

Осмо, годинава враќаме 2,5 милијарди евра долгови, долгови кои власта на СДСМ и ДУИ ги остави затоа што не знаеја како да се справат со економската политика во Македонија, а тоа добро ќе се види и преку јавниот долг, кој за 7 години се зголеми исто, колку од 1991 до 2017 година.

И за крај, кризата се следи секојдневно и одблиску. Не сме ние како СДСМ, кој за време на сите кризи кои се случија во светот, прво нешто што им текнуваше беше криминал и корупција. Ние сме сосема спротивни од тоа што СДСМ го правеше. Со конкретна анализа, аргументи и факти, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се справува со предизвиците.