Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM и Филипче, наместо да го анализираат сопствениот дебакл од речиси 130 илјади гласа, ликуваат и се радуваат на изборни резултати во други држави

СДСM под водство на Венко Филипче, кој му ја чува фотелјата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM под водство на Венко Филипче, кој му ја чува фотелјата на Заев, се однесува како да е партија во некоја друга држава, а не во Македонија.

СДСM и Филипче критикуваат влади и високи државни претставници на други држави како да се дел од политичкиот живот на тие држави, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНE.

Филипче и СДСM отидоа до таму повеќе да ги следат, анализираат и да ликуваат на избори и изборни резултати во туѓи држави отколку во сопствената. Изборите во Македонија за СДСM и Венко Филипче како да не постоеле и како на нив да не доживеале историски дебакл.

Реклама

Наместо да се занимаваат со внатрепартиска анализа како партијата ја доведоа до речиси 130 илјади гласа, Филипче и ова раководство се радуваат на победата на партијата Тиса во Унгарија, која е член на Европската народна партија, односно ЕПП, каде што членува и ВМРО-ДПМНЕ.

За да биде апсурдот уште поголем, сестринската партија на СДСM и член на Партијата на европските социјалисти освои само 1,18 % од гласовите, што е нешто слично со рејтингот што партијата го има во Македонија и е многу близок до рејтингот на Филипче.

Некогаш релевантна и кредибилна партија СДСM, Филипче заедно со неговиот ментор Заев ја доведе во ситуација со секој изминат ден сè повеќе да тоне во жива кал, од која не знаат како да се извлечат.

Па, така, изгубени во просторот, без никаква воздржаност, СДСM и Филипче го слават историскиот пораз на нивната сестринска партија.

Ова е уште една потврда дека СДСM и Филипче прават сè, само не си го гледаат сопствениот двор. Наместо да се дистанцираат од аболираниот криминалец Зоран Заев, кој ги доведе до ова ниво, тие не само што го величат туку и продолжуваат по неговите стапки.

Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на билатералната соработка со пријателска Унгарија и очекува таа соработка на државно ниво да продолжи да се развива и продлабочува и воедно им ја честита изборната победа на партијата Тиса и на господинот Петер Маѓар.