Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM и ДУИ создаваа лажна конкуренција на тендери за да можат да перат пари од буџетот

СДСM и ДУИ одамна се познати по тендерските мрежи за нивното седумгодишно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM и ДУИ одамна се познати по тендерските мрежи за нивното седумгодишно владеење, поточно за воспоставување на систем на однапред договорени тендери и контролирана конкуренција. Во 2023 година, преку организирана и добро осмислена шема во ЕСМ, во 2023 година биле испрани околу 2 милиони евра, преку наместен јавен тендер во вкупна вредност од 8 милиони евра, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Наместо јавната набавка да биде транспарентна, конкурентна и во интерес на јавноста, во постапката биле вклучени две правни лица  едно од Скопје и едно од Куманово. Но нивните улоги биле јасно дефинирани уште пред самиот почеток. Кумановската фирма била вметната само за да се создаде привид на конкуренција и да не изгледа дека скопската фирма е единствениот понудувач.

Фирмата од Куманово, која формално требало да игра улога на конкуренција, доставила непотполна документација и понуда со цена повисока од претходно проценетата вредност. Од друга страна фирмата од Скопје понудила цена која речиси целосно се поклопувала со проценетата вредност иако таа вредност воопшто не била јавно објавена во огласот.

Реклама

По завршувањето на постапката, со цел да се замагли трагата, осомничените пуштале во оптек, примале и пренесувале финансиски средства во износ од околу 2 милиони евра  што претставува јасна основа за сомнение за кривично дело перење пари.

Ова не е изолиран случај, туку само една од многуте шеми на наместени тендери што функционираа за време на СДСM и ДУИ.

Ниту едните ниту другите не се оградија и не се дистанцираа, ниту пак преземаа некаква одговорност туку само продолжуваат да го релативизираат и штитат криминалот.