Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги партизираше безбедносните структури со партиски потрчковци

СДС е синоним за партизација на се што е државно и на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДС е синоним за партизација на се што е државно и на граѓаните. СДС додека беше на власт постави партиски и некомпетентни кадри на клучни позиции во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР), велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ОД партијата истакнуваат дека СДСМ во целост ја партизираше Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање за време на своето владеење.

-Виктор Димовски, партиски функционер, СДС го постави на чело на АНБ. Димовски имаше активна улога во структурата на СДС и се поврзува со сериозни безбедносни и дипломатски скандали. Еролд Муслиу, кој раководеше со АР, активно следеше функционери на ВМРО-ДПМНЕ, злоупотребувајќи ја својата позиција. СДС изврши партизација и во УБК, кога го постави Миле Зечевиќ, и по истиот пат по кој стана партиски функционер, беше назначен за генерален секретар.

Реклама

За разлика од бесмислените партиски назначувања на СДС, ВМРО-ДПМНЕ става акцент на професионализмот. Изборот на Бојан Христовски за директор на АНБ е чекор кон враќање на интегритетот во безбедносните служби, и поставување на функционер кој ќе работи на заштита на државните интереси и независноста на службите.

Едно е јасно, ВМРО-ДПМНЕ, НЕ ја продолжува практиката на партиска контрола над безбедносните служби.

-Професионализмот и интегритетот ќе бидат водечки принципи. Безбедносните служби мора да функционираат во интерес на народот, а не само како инструмент за партизација, се наведува во партиското соопштение.