Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM е синоним за корупција и криминал кој допрва треба да се истражи, Филип Андов кој е осуден на затворска казна, се уште е во ИО

СДСM во своите редови се полни со криминал, нивните поранешни функционери имаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM во своите редови се полни со криминал, нивните поранешни функционери имаат бројни корупциски скандали и афери, а СДСM не се огради за ниту еден од нив, напротив или молчеше или ги штитеше преку нивните обвинители избрани во Зајас и Струмица, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСM е партија која штити криминал и криминалци. Актуелен член на Извршниот одбор на СДСM,  Филип Андов – Сокол е осуден на затворска казна. СДСM не се огради, туку и го награди да биде член на ИО.

СДС е партија во која цути криминалот и корупцијата.

Реклама

Корупциските скандали на екс владата на СДСM и ДУИ, почнаа уште со формирањето на истата, тогашниот генерален секретар на владата Драги Рашковски кој договараше набавка за радар за контрола на летање од италијанската фирма Леонардо за корупција од 1 милион евра, е доказ за тоа.

Посебно симптоматичен беше молкот на обвинителство за луксузниот џип на Филипче, имајќи го во предвид фактот дека за ист ваков случај отворило предмет за поранешниот директор на СОЗР кадар на СДСM, Пеце Мирчевски кој добил автомобил од фирма добитник на тендери.

Која е разликата меѓу Мирчевски и Филипче за кого обвинителството се правеше и глуво и слепо за ист таков случај. Или пак привилегијата на Венко Филипче е што е претседател на СДСM, а Мирчевски обичен директор од СДСM, кој треба да оди курбан, што кај нив е нормална работа, за Филипче да се спаси од прогон.

Дали да потсетуваме за екс министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, која овозможила фирма да се стекне со противправна имотна корист од 442 илјади евра.

Дали да потсетуваме за бизнис шемите на Вице Заев и неговите партнери во РЕК Битола, дали да зборуваме за фирмите на Зоран Заев во Петрич, Бугарија, дали да зборуваме за фабриките за марихуана, дали да зборуваме во текот на пандемијата со корона кога луѓе ги изгубија животите, а други се бореа за живот, што се договараше исто една афера за набавка на вакцини по далеку повисока цена од фирма којашто е регистрирана за јужно овошје, или да зборуваме за фирмите на Крмзов коишто во услови на корона и намалена економска активност за 4 месеци имаа поврат на ДДВ од милиони евра.

СДСM е синоним за криминал и корупција која допрва треба да се истражи. Секој што го прекршил законот ќе одговара. Правда мора да има.