Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже каде завршиле 800.000 евра, скроиле 2 нови тендери за 20.000 тони јачмен и пченица како камуфлажа за отпишаните 2.000 тони од стоковите резерви

СДСМ цела недела молчи за празнењето и препродавањето на стоковите резерви на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ цела недела молчи за празнењето и препродавањето на стоковите резерви на црните пазари во ек на криза. СДСМ молчи за отписот на 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви на државата и за криминалот вреден 800.000 евра. Димковски направил записник, а потоа и заклучок од страна на владата на Заев, Филипче и Николовски, за отпис на 2.000 тони јачмен и пченица, се вели во соопштението од СДСМ.

Криминалната влада на СДСМ за краток период смислила начин за тоа како да го камуфлира и прикрие недостатокот за отписот на 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви на државата.  Нови тендери за „камуфлажа“ каде владата на СДСМ потпишала 2 тендера за 20.000 тони јачмен и пченица.

Преку овие два тендера Заев, Филипче и Николовски сметале дека ќе го прикријат недостатокот во стоковите резерви кој завршил на црниот пазар во соседните држави?

Реклама

Каде завршиле 800.000 евра пари на граѓаните? Кој се профитирал од препродажбата на пченицата и јачменот по двојна или тројна цена на црните пазари во ек на криза?

СДСМ да каже каде завршиле 800.000 евра откако преку 2 тендери за 20.000 тони јачмен и пченица сакале да им послужат како камуфлажа за отпишаните 2.000 тони од стоковите резерви?

Време е СДСМ да се огради од криминалците во своите редови. Време е СДСМ да расчисти со пипците од криминалниот октопод во своите редови и партиски функционери. На Македонија и е неопходна силна и конструктивна опозиција.