Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Реципроцитет и исполнување на обврските на Бугарија а не нови отстапки, услови и национални понижувања

Македонија не смее повеќе да води политика на потчинување и еднострани отстапки кон Бугарија, како што нудат СДСМ и Венко Филипче. Билатералните прашања мора да се решаваат врз основа на реципроцитет, меѓусебно почитување и исполнување на обврските од двете страни. Потребен е дијалог а Бугарија да ги исполни своите обврски, Македонија нема да прифаќа нови […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија не смее повеќе да води политика на потчинување и еднострани отстапки кон Бугарија, како што нудат СДСМ и Венко Филипче. Билатералните прашања мора да се решаваат врз основа на реципроцитет, меѓусебно почитување и исполнување на обврските од двете страни. Потребен е дијалог а Бугарија да ги исполни своите обврски, Македонија нема да прифаќа нови условувања, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Венко Филипче и СДСМ повторно ја промовираат истата политика на попуштање и сервилност, која со години ги поткопуваше македонските национални позиции. Филипче ги повторува и нуди истите грешки на Заев и Ковачевски кои ја ставија земјата во ќор-сокак.

Венко Филипче сѐ почесто настапува со позиции кои се совпаѓаат со официјалните ставови на Софија, наместо со ставовите и интересите на македонските граѓани. Наместо да бара реципроцитет и почитување на македонските позиции, тој нуди нови отстапки и враќање кон политиките кои граѓаните веќе ги отфрлија.

Реклама

Наместо СДСМ и Филипче да ги бранат државните интереси, тие се подготвени на нови отстапки без никакви гаранции и резултати за Македонија.

Граѓаните јасно порачаа дека ја поддржуваат европската иднина на државата, но не по цена на нови понижувања, условувања и негирање на националниот идентитет. Европската интеграција не смее да биде процес во кој само Македонија исполнува обврски, додека другата страна останува без одговорност.

Националните интереси и идентитет не смеат да бидат предмет на преговори и отстапки.

Времето на еднострани отстапки заврши, време е за реципроцитет.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена на европскиот пат, но нема да прифати уцени, диктати и дополнителни барања кои не се дел од европските критериуми. Очекуваме и Бугарија да ги исполни своите обврски, вклучително и почитувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи достоинствено, одговорно и принципиелно да ги брани државните и националните интереси и нема да дозволи евроинтегративниот процес да се претвори во средство за нови уцени кон македонскиот народ и држава.