Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Раст на БДП од 3,8% во последното тримесечје, силната динамика на Владата за реализација на капиталните инвестиции ги дава резултатите

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа дека кога се работи посветено, со јасно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа дека кога се работи посветено, со јасно поставени цели и добро проектирани политики, позитивните резултати во економијата се неизбежни, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Измината повеќе од година и половина се води умерена економска политика, со добро проектирани мерки, кои доведоа до последователен раст на економската активност во шест квартали.

Така што последниот квартал од 2025 година, македонската економија го завршува со раст на БДП од 3,8%, при што годината заврши со раст од 3,5%.

Реклама

Растот на БДП е широка основа, но клучни сектори кои покажуваат дека македонската економија застанува на здрави нозе и кои го овозможуваат и најмногу придонесуваат во овој раст, се градежништво кое бележи раст од скоро 15%, односно високи 14,6 проценти и извозот со 9,5%, односно скоро 10%.

Овој висок раст на градежништвото во четвртото тримесечје од мината година е резултат на зголемената активност во нискоградбата која забележа реален раст од 12,5%.

Тоа значи дека силната динамика на растот на градежништвото, најмногу се должи на посветеноста на македонската Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ за реализација на капитални проекти, како што се патишта и автопатите дел од паневропските коридори.

Работите на терен не престануваат и со уште позасилено темпо ќе се продолжи со работа, не само за градежништвото да бележи уште повисоки проценти на раст, туку преку изградба на соодветна, брза и квалитетна инфраструктура за се развиваат сите економски сектори.

Друг показател кој особено охрабрува е растот на извозот и неговиот сооднос со увозот на стоки и услуги. Па така, последниот квартал од минатата година извозот се зголеми за скоро 10%, додека увозот за 3,3% што значи дека нето-извозот имал значително позитивно влијание врз македонското стопанство.

Овие се охрабрувачки параметри кои се добра основа за уште поголем понатамошен економски раст кој ќе донесе подобар животен стандард и повисоки плати за сите.

Во целиот овој изминат труд, не недостигаше поддршката од државата за стопанство, за која цел Владата стави на располагање 250 милиони евра за инвестиции и развој на домашните компании.

И сето ова даде резултати. Македонија мора и може повеќе.