Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Поднесувањето закон за Кочани до СДСМ е исто како Филипче да поднесе за Модуларната во Тетово

СДСМ и Венко Филипче за седум години власт во Македонија, ја уништуваа,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и Венко Филипче за седум години власт во Македонија, ја уништуваа, назадуваа и ја разградуваа државата до степен да не може да препознае, потенцираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека, СДСМ и Филипче се причината и лично одговорните за разурнатиот државен систем.

Со секој изминат ден СДСМ и Венко Филипче се повеќе ја покажуваат својата неспособност, лицемерие и дволичност. Во нив нема ништо искрено, тие го потценуваат и во лице му исмеваат на народот. Таков е и примерот со поднесувањето на закон за Кочани, соопшти партијата.

Реклама

„Нема полицемерно од тоа СДСМ и Филипче да поднесат закон за Кочани, затоа што тоа е исто како да поднесат закон за Модуларната болница во Тетово или за враќање на името.

Поднесување на предлог закон за настраданите во Кочани, не е ништо друго, освен исмевање на народот во очи.

До каде може да оди апсурдот и лицемерието на СДСМ и Филипче, што е следно? Дали е следно СДСМ и Филипче да поднесат и закон за враќање на името, закон за Модуларната, или пак закон за Онкологија, за пациентите кои ги оставија со вода место со лек?

Можеби, пак, на Филипче и СДСМ ќе им текне да поднесат и закон за потекло на имотот на Зоран Заев, или пак закон за поништување на последните измени на Кривичниот закон, со помош на кои се спасија од прогон.

Со ова, СДСМ и Венко Филипче уште еднаш покажаа и докажаа дека кај нив ништо не е сменето. Таму сè уште останува истиот лицемерен пристап и матрица на потценување и исмевање на граѓаните“, нотираат во соопштението.

Тоа е истата онаа партија и во неа се истите луѓе кои сменија име, беа причина за Беса транс, Ласкарци, Модуларната, Онкологија и десетици други трагедии, а за истите ниту чувствуваа никаква вина и грижа на совест, ниту пак за истите понесоа никаква одговорност, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и Филипче не се, и не можат да бидат решението, затоа што тие се проблемот. СДСМ и Венко Филипче остануваат синоним на лицемерието, неспособноста, на криминал и предавства, се наведува во соопштението во владејачката партија.