Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

ВМРО ДПМНЕ поднесе претставка до Уставен, бараат итно одложување на рокот од 12 февруари

Се додека Уставниот суд не одлучи дали оспорените членови на Законот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се додека Уставниот суд не одлучи дали оспорените членови на Законот за патни исправи и Законот за безбедност во сообраќајот се уставни или не, да се донесе времена мерка со која ќе може да важат патните исправи и пасошите и по 12 февруари – бараат ВМРО-ДПМНЕ, кои денеска поднесоа претставка до Уставен.

Се надеваме дека Уставниот суд ќе биде агилен и ќе ги земе предвид двете претставки за оцена, но и дека за двата оспорени членови на закон ќе се воведе времена мерка. Во оваа прилика сакаме и да воочиме дека личните карти не се опфатени за промена со краен рок 12 февруари. Тие важат и понатаму за сè што е потребно, па граѓаните да не се изложуваат на понижувања и турканици за промена на лични карти. Рокот е само за пасоши и возачки дозволи. Накусо, за овие три години СДС и ДУИ издавале документи со подолг рок на важење од она што го преземале како обврска во 2018 година, за сега, иако ги имале предвид податоците колку пасоши и возачки дозволи треба да се променат да не преземале навремени мерки и да се остави државата без потребниот број на обрасци во МВР – рече Наум Стоилковски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Прво решете го проблемот со личните документи па заминете – партијата на Павле Трајанов побара Владата да ја прифати иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ. Според  Трајанов, тоа што сега фалат обрасци а новите ќе стигнат во март, значи дека целата одговорност ќе падне на техничкиот министер за внатрешни работи – „За овие гужви и малтретирање на граѓаните пред шалтерите на МВР, вели, мора да се најде решение, но и мора Владата и ресорните министри да понесат одговорност“

Реклама

„Прво, личните карти, како документи за внатрешна употреба, можат да се користат до датумот на нивната важност. Тоа значи дека можат да се користат насекаде, пред сите институции, банки, за гласање итн. Второ, возачките дозволи можат слободно да се користат во внатрешноста на Македонија, додека во странство нивната важност е поврзана исто како и важноста на патните исправи, односно истите можат да се користат до 12.02.2024, доколку не се продолжи овој рок. Трето, согласно Договорот од Преспа и уставните измени, личните документи кои се користот во странство (патни исправи и возачки дозволи), важноста им е до 12 февруари 2024 година, поради што МНР треба да бара Грција да се согласи овој рок да се продолжи до денот на важноста на овие исправи или најдоцна до 31.12.2024 година, поради технички причини и немањето кадровски потенцијал да се заменат со променетото име на државата до рокот дефиниран со Преспанскиот договор и уставните промени. Со патните исправи државјаните на Македонија кои се во странство слободно можат да патуваат и да се вратат во Македонија“, се вели во соопштението на Демократски сојуз.

Пред неколку месеци МВР отвори пунктови за промена на личните карти, патните исправи, возачките – турканици, хаос и  редици од револтирани граѓани подолго време е сликата пред пунктовите. Согласно Преспанскиот договор потпишан со Грција, до 12 февруари 2024 мора да се променат личните документи и да стои новото уставно име. Граѓаните се изложени на дополнителни трошоци, откако името беше променето името и покрај неуспешниот референдум – и против волјата на најголем дел од граѓаните.