Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме Филипче да ја покаже потврдата од МЗ на ОАЕ, ако ја нема да се извини на граѓаните и да поднесе оставка

Вистината е една, а лагите можат да бидат многу. И затоа, СДСM…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вистината е една, а лагите можат да бидат многу. И затоа, СДСM и Венко Филипче, се повеќе се плеткаат во нивната мрежа на лаги и не знаат кога што кажале. Денес зборуваат едно, утре друго. Филипче, кој е воодушевен од неговиот ментор Зоран Заев, слепо тргнал по неговите стапки, дење да зборува едно, ноќе друго. Венко Филипче прво негираше дека има златна виза за Дубаи, за потоа да потврди дека ја поседува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Иако сите знаат дека таква виза се стекнува со инвестирање од над 500 илјади долари, СДСM го брани дека Филипче не поседува бизниси во Дубаи, но не кажува како ја стекнал златната виза. Откако се заплеткаа во сопствените лаги, повикуваме СДСM и Филипче да не молчат како што молчеа за скандалите со дрога на нивните функционери и активисти. И наместо да смислуваат разни лаги и изговори, треба само да ја кажат вистината, дали преку инвестиции Филипче се стекнал со златната виза? Дали Филипче е ортак во бизнисот на Заев, кој во Дубаи гради облакодер од 50 ката? Златната виза за Дубаи може се добие и за студирање медицина со потврда од Министерството за здравство од ОАЕ, се наведува во партиското соопштение.

„Па затоа, го прашуваме Филипче, дали студирал медицина во Дубаи и ако студирал, кога и дали има потврда од Министерството за здравство од ОАЕ? Очекуваме Филипче да ја покаже потврдата за студирање во Дубаи. Но, доколку ја нема веднаш треба да си поднесе оставка, да се извини на јавноста и да одговори како и со кои пари стигнал до златната виза? Заев и Филипче со години ја ограбуваа државата и го осиромашуваа народот, за сега со украдените пари да инвестираат во Дубаи и да добиваат златни визи“ – посочуваат во соопштението.

Реклама

-Затоа што со чиновничка плата, макар таа била премиерска, министерска или на пратеник, не се стига до инвестиција од над 500 илјади долари. СДСM и Филипче се синоним за неспособност, криминал и корупција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.