Реклама

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нема бизнис мрежа, туку манипулативен октопод на СДСМ на Заев и Филипче

Нема бизнис мрежа, има октопод на СДСM, Заев и Филипче кој преку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема бизнис мрежа, има октопод на СДСM, Заев и Филипче кој преку лагите креирани од Башановиќ и Счекич се обидува да го прекрие криминалот и ја поткопува вистината и довербата на граѓаните, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Не постои никаква бизнис мрежа, туку само манипулативен октопод на СДСM ангажиран од Заев и Филипче кој преку Башановиќ и Счекич се обидува да го покрива криминалот на Зоран Заев и Филипче поткопувајќи ја вистината и довербата на граѓаните.

Единствена мрежа е таа на СДСM и Филипче која преку екс советникот на Заев, Зоран Башановиќ и Милјан Счекич, сега е задолжена за штанцање на лажните соопштенија и прес-конференции на СДСM.

Реклама

А единствен октопод е манипулативниот октопод на СДСM, со раце кои се протегаат преку странски ПР структури, медиуми и политички центри, кој го покрива криминалот и лагите на Зоран Заев и Филипче поткопувајќи ја вистината и довербата на граѓаните.

Токму поради странските ПР агенции ангажирани од Заев и Филипче е опседнaтоста на СДСM со српската СНС.

ВМРО-ДПМНЕ ја повикува јавноста да ја следи комуникацијата на СДСM и ја повикува СДСM јавно да одговори кој ги креира нивните пораки и комуникациски стратегии.

Политичката транспарентност, отчетност и вистината се основата врз која треба да се гради довербата на граѓаните.