Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Наместо да служи на граѓаните и правдата, Коцевски и покрај изгласаната недоверба, во партиска служба и заштита на криминалите на СДСМ

Главниот обвинител, Љупчо Коцевски дословно и покорно ги слуша пораките и наредбите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Главниот обвинител, Љупчо Коцевски дословно и покорно ги слуша пораките и наредбите кои му доаѓаат од партијата СДСМ. Наместо да служи на граѓаните и на правдата, Коцевски се стави во партиска служба и заштита на криминалите и криминалците од редовите на СДСМ, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

На денот на гласањето недоверба во македонското Собрание, освен што пратениците на СДСМ го поддржаа истите му упатија и јасна порака, или е „со штитот или на него“.

Па така, Коцевски буквално ја сфатил и дословно си ја применува пораката, и наместо на народот и служи на партијата.

Реклама

Како што до сега ги бранеше, така и во периодот што следи ќе продолжи да ги штити од одговорност сите функционери на СДСМ вклучени и фатени во сериозни криминали.

Очигледно е дека Коцевски до последно ќе си обработува за подарената фотелја од СДС и дека, и покрај изгласаната интерпелација, нема да си поднесе оставка.

Затоа што нему, поважна му е удобната фотелја од спроведувањето на правдата во државата, а угледот и интегритетот на правосудството ниту го интересира.

Тоа што довербата на граѓаните во правосудството е сведена на статистичка грешка од само 2%, за Коцевски е небитно, важно тој да си одработи и како до сега, да ги заштити криминалците од СДСМ.

Но и покрај неговата заштита, Коцевски треба да знае дека ќе дојде време на одговорност на тие кои ги штити, ама и на тие кои ги штитат.

Одговорност за криминалот и за непостапувањето против криминалот, ќе има.

Не сите обвинители се Коцевски. Во правосудниот систем има професионалци и луѓе со интегритет кои сакаат да си ја вршат работата согласно закон и за кои правдата е светост.

Затоа, нашиот апел е упатен токму кон нив, ги охрабруваме да продолжат професионално и согласно закон да си ја вршат работата, без разлика од насоките или притисоците од партиските истурени кадри во институциите.

Доаѓа време за одговорност, владеење на правото и правдата во државата, се вели во соопштението на партијата на власт.