Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Надзорната расправа организирана од СДСM е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка

Паника, страв и очај се виде во очите на пратеникот Венко Филипче…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Паника, страв и очај се виде во очите на пратеникот Венко Филипче кој беше матиран со вистината од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски. Лагите на Венко Филипче и СДСM околу Алта банка се срушија како кула од карти и вистината излезе на виделина, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Иако тие ја свикаа надзорната расправа за Алта банка, на којашто присуствуваат сите надлежни претставници на институциите и одговараат на нивните поставени прашања, тие веднаш бараа паузи и ја прекинуваа расправата, со една единствена цел, да ја избегнат вистината, којашто оди на штета на Филипче и СДСM.

Во своето излагање, претседателот Мицкоски, јасно презентираше документ, а тоа е извадок од Нацрт записникот од 194 седница на Владата одржана на 24 октомври 2023 година. Тогаш претседател на Владата бил Димитар Ковачевски и на самата седница на Владата се отворила темата за Алта Банка АД Белград, односно тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими излегува со информација во која бара од Владата да му одобри на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта Банка- Србија.

Реклама

Уште во 2023 година владата на СДСM и ДУИ на владина седница му дала насока на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта Банка со истиот овој сопственик, Давор Мацура.

Затоа Филипче и СДСM се гласни, затоа што им се открија нивните задни намери поврзани со Алта банка во Македонија.

П.С. Филипче да одговори дали и какви сметки имаат тој и неговите сопартијци во Алта банка?