Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На СДСМ, во чие време инфлацијата рушеше двоцифрени рекорди, им смета што сега се стави под контрола и втор месец по ред се намалува

Чуден некој феномен ги зафатил СДСМ. И при јасни и релевантни резултати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Чуден некој феномен ги зафатил СДСМ. И при јасни и релевантни резултати и податоци да не сакаат да прогледаат. Сега им најдоа замерка и не им се допаѓа методологија за трошоците на живот кои ги пресметува Државниот завод за статистика, само затоа што резултатите не се онакви какви што тие посакуваат. Ги разбираме дека се во изборна кампања, но не мора на се црно да гледаат, дури и кога резултатите се позитивни. СДСМ може да ги гледаат, може не, може да ги признаваат или не, но фактите следни и се јасни, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

По долги години власт на СДСМ со двоцифрена инфлација, конечно таа е ставена под контрола и веќе почна да се намалува. Ова втор месец по ред како реалната инфлација во државава се намалува.

Според податоците на ДЗС, инфлацијата во септември 2025 во однос на август 2025 година бележи намалување од 0,2% и тоа е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи, како транспорт за 3,3 отсто, ресторани и хотели за 1,3 отсто, рекреација и култура за 0,7 отсто, облека и обувки за 0,3 отсто, разновидни стоки и услуги за 0,2 отсто и храна и безалкохолни пијалаци за 0,1 отсто.

Реклама

Покрај намалувањето на инфлација, во државата четврт квартал последователно БДП бележи раст од 3 или над 3%, а минатата година заврши со историски највисоко ниво на странски инвестиции во висина од над милијарда и 250 милиони евра.

Да, и ние се согласуваме дека и ова е малку, но исто така повторуваме дека ова е почеток на враќање на состојбите во нормала и на заздравување на економијата.

Добро е што сега, за разлика од времето на власт на СДСМ кога инфлацијата рушеше двоцифрени рекорди, сега зборуваме за забавување на инфлацијата, кои се резултат на добро проектираните економските мерки и политиките на Владата.

Преку економски модел на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, државата се движи кон целосна трансформација и подобрување на животниот стандард за граѓаните.

Приоритет и цел на Влада е да се обезбеди иднина, просперитет и поквалитетен живот за сите граѓани, а податоците потврдуваат дека со многу труд, посветеност и напорна работа, полека но сигурно се остваруваат.