Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Најтрагично е што Филипче, човек опкружен со сомнежи, афери и криминални сенки, денес се обидува да држи лекции за иднината на Македонија

Филипче инсистира Бугарите да влезат во Уставот. Денес повторно Венко Филипче продолжува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче инсистира Бугарите да влезат во Уставот. Денес повторно Венко Филипче продолжува со своето инсистирање Бугарите да влезат во Уставот прикажувајќи го како услов без кој не може. Condito sine qua non за нашата интеграција во ЕУ.

Откако го прифатија на најдолен предавнички начин за услов водени од заложништвото кон Бугарија поради своите криминални активности, сега прикажувајќи се како проевропски политичари кажуваат дека треба да се прифати тоа што тие веќе го прифатиле.

Ваквиот однос на Венко Филипче е катастрофален за националните интереси и е брутален пример за корумпиран заложник на бугарските интереси во земјава, под менторство на својот врховен водач од струмичкиот клан Дубаи, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Филипче.

Реклама

До кое дереџе стигна европската иднина на Македонија ако криминалецот и потрчко на струмичкиот клан е спремен за ваква итна распродажба на националните интереси?

За што толку го држат соседите Венко, па вака се глупира и вака јасно ги покажува своите антимакедонски ставови?

Венко е типичен пример за корумпиран политичар, фатен и уценет од соседна земја за да ја распродава сопствената.

Човекот денес излезе и практично кажа дека никогаш не чул Бугарија да го негира македонскиот идентитет. Не чул дека Македонците ги нарекуваат вештачка нација. Не чул дека македонскиот јазик го нарекуваат бугарски дијалект. Не чул дека Гоце Делчев, Јане Сандански и Питу Гули ги присвојуваат. Не чул ни кога македонски премиер го нарекуваат „северномакедонски“.

Или не слуша. Или слуша, ама мора да молчи.

А кога веќе мора толку понижено да глуми адвокат на туѓи позиции, барем нека не ги навредува граѓаните дека не гледаат што се случува.

СДС со години ја водеше државата по принципот „сè прифаќај, само остани на власт“. Го сменија името без гаранции. Го прифатија Францускиот предлог без гаранции. Денес се подготвени и идентитетот да го стават на маса, само за некој однадвор повторно да им отвори врата кон фотелјите.

Тоа не е европска политика.

Тоа е политика на сервилност, страв и уцени.

И најтрагично од сè е што човек опкружен со сомнежи, афери и криминални сенки денес се обидува да држи лекции за иднината на Македонија.