Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со убедливо најниски цени на горивата

Приоритет и најголем интерес на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува одржувањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Приоритет и најголем интерес на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува одржувањето на стандардот на граѓаните – наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. За таа цел, со вистински и навремени мерки, спречен е ценовниот шок кај горивата.

Со одлука на Владата за намалување на ДДВ-то на нафтените деривати од 18 на 10% се спречи поскапување на горивата и се постигна нивната стабилизација. Додека регионот се соочува со енормни поскапувања, во Македонија бензините остануваат со иста цена, а цената на дизелот се зголемува само за 3,5 денари наспроти очекувањата дека ќе поскапи за 10,5 денари за литар.

Со намалување на ДДВ-то за горивата дирекно се интервенира во намалувањето и стабилизирањето на цените, со што цените на нафтените деривати се намалија од 6,5 до седум денари за литар гориво.

Реклама

Според пресметките, дневната заштеда за граѓаните е повеќе од 200.000 денари, а на неделно ниво заштедата е приближно 1,5 милион евра. Со ова се потврдува дека навремената и прецизна интервенција на државата го прекина трендот на раст на цените, кој во спротивно ќе значеше поскапување за граѓаните и стопанството.

Во услови на силен раст на цените на светските пазари, со оваа интервентна мерка на Владата за намалување на ДДВ-то се прекинува синџирот на поскапувањата, од горивата до храна и услуги. 

Македонија останува со убедливо најниски цени на горивата од земјите од регионот и меѓу ретките земји од регионот што директно од буџетот го одржува и се грижи за стандардот на граѓаните.