Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Каква безбедност ветуваше Спасовски пред 5 години, а што добивме сега?

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со нова реакција кон министерот Оливер Спасовски за пропустите во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со нова реакција кон министерот Оливер Спасовски за пропустите во врска со грозоморните убиства, кои страшно ја вознемирија јавноста но и регионот. Во најновото партиско соопштение се навраќаат на ветувањата кои Спасовски како прв човек на полицијата ги даде во јавноста, и колку тие држат вода гледајќи низ годините откако седна на министерското столче.

„Полицаецот позорникар ќе биде нашиот пријател – заштитник во секое време е ставот на Министерството за внатрешни работи кое после две децении ги враќа полицајците на улица, како заштитници на бебедноста и спокојот на граѓаните, кажа Спасовски пред 5 години, од тогаш до сега десетина убиства, грабнувања и илјадници други кривични дела се случија, и ретко кое е расчистено. На Спасовски кој се фалеше како успешно го вратил полицаецот позорникар, му се случи грабнување и убиство на дете во центарот на Скопје. Криминална група харала десетина дена низ Скопје и Македонија, првин е убиен велешанецот Панче, а потоа младата Вања. Помеѓу двете убиства има неколку дена, и двете убиства се направени од истите луѓе. Главниот осомничен е во бегство, затоа што МВР на Спасовски не реагира навреме“, обвинуваат од партијата и додаваат дека Спасовски должи одговори на многу прашања.

„Како е можно во центарот на Скопје да се киднапира дете, а полицијата една недела да не знае ништо? Дали Спасовски дозволил бегство на Палевски зошто истиот е поранешен претседател на градската организација на СДС? Како е возможно со автомобилот на претходно убиенот велешенец бандата да се развозува низ цело Скопје и да остане незабележан од полицијата? Дали вистинската причина зошто се дозволи Палевски да избега е зафатеноста на полицијата со Самитот на ОБСЕ? –  се дел од прашањата наведени во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.