Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Го слушнавме Филипче ја повикува Белата палата, ама не го слушнавме да се огради од своите и криминалите на СДСМ

Венко Филипче во празниот говор за отчет пред Конгресот не објасни: Зошто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче во празниот говор за отчет пред Конгресот не објасни: Зошто е петта партија во Скопје и трета во Македонија? Не се огради ниту кажа лош збор за неговиот ментор Зоран Заев. Не се огради и го штитеше криминалот на кланот Дубаи чиј што составен дел е самиот тој, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на обраќањето на Филипче на 31. конгрес на СДСМ.

Не објасни зошто СДС сервираше услуги кон Бугарија и Грција, го наметна францускиот предлог, склучи штетен договор со Бугарија.

Не објасни зошто ги напаѓаат САД, се во политичка војна со Обединетото Кралство.

Реклама

Зошто остана осамен со неуспешниот дипломат Андреј Жерновски кој јавно говореше во полза на бугарскиот наратив за Македонија.

Зошто денес СДСМ не преставува никаква алтернатива.

Зошто не му смета што СДСМ стана помал чирак на ДУИ во криминалот.

Не се огради од Артан Груби и неговиот криминал во Лотарија.

Филипче самиот исто така не изостанува од криминалниот синџир на тендери, не кажа од каде му е службеното луксузно Ауди и каква е неговата врска со Енис Колашинац кој ЕСМ го снабдуваше со јаглен за време на власт на СДСМ.

Филипче не се огради ниту од нивниот бегалец Васко Ковачевски кој ја испокраде државата и го оштети македонскиот Буџет за 6,5 милиони евра за што е познатиот случај „Адитив“.

Не се огради од антидржавното однесување на Зоран Верушевски.

Заклучокот е дека за ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче. Проблемот е што тој е штетен за Македонија и нејзините интереси.