Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ги слуша ли Филипче реакциите од народот или е премногу зафатен со фантазирање за премиерска фотелја?

Денеска Филипче пак излезе на прес-конференција да објаснува како уставните измени се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска Филипче пак излезе на прес-конференција да објаснува како уставните измени се во интерес на Македонија, и пак се обиде да го релативизира македонскиот идентитет и националните интереси. Филипче јасно кажа дека за него националниот идентитет е застарен концепт, па сега секојдневно го повторува ставот и се врти околу својата замислена оска и си фантазира за премиерска фотелја, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Откако распродадоа, историја, позиции, достоинство, сега следно на агендата им е да ги убедуваат граѓаните дека уставните измени се во интерес на Македонија. 

Филипче се однесува како проблемот да е во народот, а не во неговите ставови склони кон национални предавства и дали навистина верува дека некој ќе му даде поддршка на човек што ги гази националните интереси?