Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Фирмата Мастеф во периодот од 2018-2021 година била една од најомилените на градоначалниците на СДСМ во дел од скопските општини кои и доделиле милионски тендери

– Кога нешто зборува СДСМ, добро е да ги согледаат сите факти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Кога нешто зборува СДСМ, добро е да ги согледаат сите факти и јавно да им ги презентираат на македонската јавност. Политиката не е шведска маса, па да бираш што ти се допаѓа да земеш и за тоа да зборуваш, а што не ти се допаѓа да ставиш под тепих.

Политиката и јавните настапи се сериозна и одговорна работа, која бара доследност и јавно презентирање на фактите. Во тој контекст, кога СДСМ одлучи од шведската маса да земе само тоа што им одговара, наша обврска и должност е да ги презентираме фактите. Фирмата Мастеф дооел Скопје за којашто денес зборуваше СДСМ, очигледно била една од најомилени фирми на нивните поранешни градоначалници, само тоа на прес-конференцијата заборавија да го кажат, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Така во периодот на власт на СДСМ со голем дел од македонските општини оваа фирма била една од ретките која добивала најмногу тендери, особено од скопските општини.

Реклама

Во периодот од 2018 до 2021 година омиленава фирма на градоначалниците на СДСМ добива повеќе тендери во милионски износи од општина Карпош, Кисела Вода, Аеродром сите раководени од градоначалници кадри на СДСМ.

Во 2018 година Мастеф добива седум тендери во вредност од 9.569.788 денари од општина Карпош, во 2019 година 5 тендери од општините Карпош и Аеродром во вредност од 10.320.508 денари.

Во 2020 се приклучува и општина Кисела Вода во доделувањето тендери на истава фирма која од веќе постојаните Аеродром и Карпош, добила вкупно 8 тендери во вредност од 50.265.142 денари.

Додека во 2021 година овие три општини под раководство на кадрите на СДСМ на фирмата Мастеф им доделиле 6 тендери во вкупна вредност од 47.100.000 денари.

Кога веќе се обидува нешто да прави таканаречениот антикорупциски тим на СДСМ, добро би било да го прошири опсегот на анализа, па нека испита и нека ги наброи бројот на тендери и нивната вредност коишто ги добила оваа фирма од институциите раководена од нивните партиски кадри.

Што се однесува до јавните набавки за коишто зборуваат, ги потсетуваме дека е сè согласно закон и избрани се најповолните понуди како што предвидува законот.