Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче тоне во сервилност без крај и води лажна проевропска агенда додека во реалноста нема план и стратегија

Венко Филипче прати социјал демократски поздрав од Рим, каде е на екстра…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче прати социјал демократски поздрав од Рим, каде е на екстра продолжен викенд за Меѓународниот ден на трудот и уште еднаш реално покажа колку лажно е загрижен за работничките права и работниците, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

По бегството од седницата за пратенички прашања во Собранието и пропуштање на можноста од соочување, Филипче уште еднаш само потврди дека политичкиот туризам, личниот интерес и уживање му се приоритет пред граѓаните.

Филипче потврди дека реториката од типот „се грижиме за граѓаните и работничките права“ се косат со реалното политичко и приватно однесување и делување на раководството на СДСМ и Филипче.

Реклама

Дека СДСМ и Венко Филипче не се доследни и немаат стартегија и план за сопствената партија и државата, говори и фактот што Филипче упорно се обидува да се продаде како единствен арбитер за европскиот пат додека нема црвени линии и е спремен на секакви отстапки само за да дојде на власт.

СДСМ и Филипче се без концепт.

Филипче тоне во сервилност без крај исто како и неговиот ментор Заев и е спремен да ги распродаде националните интереси само да ја зачува фотелјата на Бихачка.

СДСМ и Филипче само декларативно се залагаат за Европа, додека во пракса водат политика според приликите и личните лукративни цели на кланот Заеви и Венко Филипче.

За таа цел Филипче е спремен на се, па затоа спинува изјави на европски пратеници вклучително и Томас Вајц кој јавно го демантираше, шири лаги за блокирани ИПАРД средства во обид да ги манипулира земјоделците и повторно беше јавно демантиран, бидејќи средствата се на располагање на земјоделците.

СДСМ и Филипче ниту се однесуваат, ниту делуваат проевропски. Декларативно се повикуваат на Европа додека се опкружени со криминалци, го поткопуваат демократскиот систем и работат спротивно на вредностите на вистината, одговорноста и достоинството.