Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче огради се од криминалите на Заев, засукај ги ракавите и стави ја СДСM на нозе која ја доведе на раб на исчезнување, засега немаш луксуз да си губиш време со избори во други држави

Венко Филипче и актуелното раководство на СДСM, кое тој го постави по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче и актуелното раководство на СДСM, кое тој го постави по негова мерка, треба конечно да се оградат од Зоран Заев и сите нему блиски сомнителни проруски бизнис партнери во матни и криминални зделки. Такви матни крими партнери Заев има повеќе. Меѓу нив се сомнителни имиња на некои бизнисмени како Миодраг Дака Давидовиќ, Александар Онишченко, Борче Марковски, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Еден од последните случаи за кои Филипче должи одговор е зделката Заев-Дака. Или во 2020 година со амин на владата тогаш предводена од Заев се менува урбанистичкиот план во Тетово со што на контроверзниот бизнисмен Дака му се овозможува заработка во висина од околу 200 милиони евра. Филипче, сега, како чувар на фотелјата на Заев во СДСM е должен да одговори, дали бил договорен и процент од продажбата на становите кои во тоа време биле проценети на 200 милиони евра? Дака, инаку, е на црната листа на САД.

Да повториме, бидејќи нели повторувањето е мајка на знаењето, пред се, за да му стане јасно на Филипче.

Реклама

Приоритет број еден, а и единствен на Филипче, треба да му биде оградувањето од Заев ако сака СДСM да застане на свои нозе. А, СДСM, токму тој ја втурна во жива кал и сега оди само надолу што се гледа и од резултатите на последните минатогодишни избори на кои паријата едвај е трета во некои општини, а во некои дури и петта.

Филипче, затоа помалку грижи се за избори и изборни резултати во други држави. Засукај ги ракавите и стави ја својата партија, на здрави нозе, ако може да се дека е твоја, бидејќи ти си таму само чувар на фотелјата. И тоа е пред се важно, бидејќи за развој на една држава потребна е здрава опозициска партија, опозициска партија која стои на свои нозе. Само така ќе помогнете во и за државата и за граѓаните.

Филипче, ако продолжиш да се возиш на приказната на Заев, СДСM може да се соочи со исчезнување од политичката сцена. Секако, криминалите на другар ти Заев мора да ги истражат надлежните правосудни органи во Македонија.