Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема желба да ја слави независноста на Македонија, но затоа со еуфорија ја слави бугарската победа на Евровизија

Венко Филипче немал желба да ја слави независноста на Македонија, но затоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче немал желба да ја слави независноста на Македонија, но затоа со еуфорија ја слави бугарската победа на Евровизија.

Веројатно доколку за независноста Филипче не е на екстра продолжен викенд до Дубаи, на приватна журка со Харис Џиновиќ, во Рим, Франкфурт или на луксузна јахта на Халкидики со Зоран Заев, тогаш ќе продолжи со слугувањето на бугарските интереси како послушен пиун на Румен Радев, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денашната изјава на претседателот на СДСМ Филипче.

Филипче потврди дека по стапките на Заев е спремен на се, само за да дојде на власт.

Реклама

Со прифаќањето и потпишувањето на капитулантските договори, Заев почна да го брише терминот „македонски“, додека Филипче чувар на заевата фотелја во СДСM, спремен е да ја впише непостоечката и навредлива за нас Македонците придавка, „северномакедонски“.

Филипче и СДСM го кочат напредокот на реформската агенда, преку блокирање на работната група за Изборниот законик.

За Венко Филипче европскиот пат е алиби за прифаќање се и сешто, на штета на националните интереси, само СДСM да се дограби до власта, а Филипче да ја зачува фотелјата на Бихачка.

Токму продолжувањето на поданичката политика на Заев и сервилноста на Филипче, ја доведоа СДСM до четврта партија во Македонија, а Филипче е меѓу политичарите со најниска доверба од граѓаните.

Влезот на Македонија во ЕУ треба и мора да биде достоинствен, како што прилега на една држава, со исполнети Копенхашки критериуми, а не понижена со национални и идентитетски отстапки.

На Македонија и се потребни политичари кои имаат план стратегија и визија за државата и кои ги штитат државните интереси, СДСM и Венко Филипче не го нудат тоа.