СДСM продолжува со ширење лажни, паушални и неосновани обвинувања и манипулации во врска со Алта банка. Една лага ќе им пропадне, а од СДСM се тука експресно да смислат нова. Откако им пропаднаа сите досегашни и не им успеа обидот за креирање страв и општа паника со случајот Алта банка, СДСM сега замерка му најде и на јавната аукција – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСM и Филипче отвораат нова епизода од политичката кампања, обидувајќи се јавна и транспарентна постапка, како што е јавната аукција за Алта банка, да ја претстават како тајна зделка.
Да потсетиме, СДСM претходно лажеше за наводни сомнителни милионски трансфери кон Србија и Русија, финансиски одливи, како и сценарија за пропаѓање на банката и загрозување на средствата на граѓаните. Но, на крајот, како и многу пати до сега нивните најави, обвинувања и црни сценарија не се остварија.
Наместо да се води сериозна дебата заснована врз факти, СДСM само се обидува да создаде недоверба и вознемиреност кај јавноста преку вакви политички конструкции. Да беа толку посветени на партиската консолидација, на подготовка на програма и понуда до граѓаните, СДСM и Филипче ќе го имаа подобрено и рејтингот, кој им е на прагот на статистичка грешка.
Но, ваквите очајни обиди на партискиот талог на СДСM и Венко Филипче, за ситни политички поени, нема да остане засекогаш тага. Во новиот Кривичен законик ќе се воведе ново кривично дело казниво со казна затвор за секој оној, кој со својата службена или општествена положба и углед, со лажни изјави или исправи ќе изнесе во јавност неточни информации со што ќе ја загрози стабилноста на банкарскиот систем.
Граѓаните заслужуваат транспарентност, проверливи информации и одговорност од сите политички чинители, а не обвинувања без докази и создавање непотребна паника, како што во изминатиот период прават СДСM и Филипче.
Јавноста има право да ги знае фактите, политичките обвинувања не смеат да бидат замена за аргументи и докази. Веќе е доста ширеше на лажни вести и информации, со цел креирање хистерија и паника кај граѓаните.

