Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е на страната на бугарските барања, ВМРО-ДПМНЕ е на страната на македонските национални интереси

Филипче е на страната на бугарските барања за Уставни измени, а ВМРО-ДПМНЕ е на страната на македонските национални интереси, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Уставните измени не се последната, туку првата отстапка од низата барања кои Бугарија сака да ги наметне на Македонија. Отворањето на Уставот значи отворање на Пандорината кутија за нови условувања, нови […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче е на страната на бугарските барања за Уставни измени, а ВМРО-ДПМНЕ е на страната на македонските национални интереси, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Уставните измени не се последната, туку првата отстапка од низата барања кои Бугарија сака да ги наметне на Македонија. Отворањето на Уставот значи отворање на Пандорината кутија за нови условувања, нови притисоци и нови удари врз македонскиот идентитет.

Капитулантската политика на СДСM и ДУИ ја доведе државата во подредена позиција и создаде простор за постојани уцени кон Македонија. Наместо заштита на националните интереси, СДСM прифаќаа договори кои беа во корист на туѓи, а не на македонските позиции.

Реклама

Венко Филипче денес е најгласниот промотор на истите политики. Додека ВМРО-ДПМНЕ води принципиелна и достоинствена политика во одбрана на македонските национални интереси, Филипче безусловно ги поддржува барањата кои доаѓаат од Софија.

Над 80% од граѓаните даваат поддршка на меѓународната политика на ВМРО-ДПМНЕ, додека од другата страна специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче промовира наредби од Радев кои се косат со македонските интереси. Затоа довербата во СДСM секојдневно паѓа, а поддршката за политиките на ВМРО-ДПМНЕ расте.

Македонија нема да прифаќа нови условувања, нема да тргува со својот идентитет и нема да дозволи националните интереси повторно да бидат жртвувани за нечии политички кариери. Времето на капитулации заврши.