Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ и НАТО загрижени за корупција во М-НАВ и за безбедност на небото

Инцидентот што се случи во М-НАВ каде што беа тепани контролори и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инцидентот што се случи во М-НАВ каде што беа тепани контролори и тоа во време кога на небото низ Македонија имало околу 40 цивилни авиони и неколку авиони на нато стана главна тема и во медиумите од регионот. Ризикот, но и македонскиот срам ги полни насловните страни на медиумите низ целиот Балкан. ВМРО-ДПМНЕ реагира дека лажната проевропска коалиција СДСМ и ДУИ не престанува да ја срами и скандализира Македонија во меѓународните очи, со заштита и поддршка на партиските банди.


„Цела недела лажната проевропска коалиција бега од вистинско правно -политичко приоѓање кон Загрозување на меѓународниот авиосообраќај над Македонија. Лажната проевропска ориентација на СДС и ДУИ е до толку поголема, што цела недела НАТО држави се загрижени за безбедноста на македонското небо, а ЕУ бара итно расчистување на корупцијата, кронизмот во Македонската навигација. А, каков е одговорот на лажните проевропејци од СДС- ДУИ? По цела недела укажувања, Владата се обидува повторно да инсталира член на партиските банди за директор без потребни квалификации! По цела недела укажувања, нема вистински правен одговор за Загрозување на меѓународниот авиосообраќај“ – вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.