Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Не е етничко, туку морално и кривично прашање , ДУИ да престане…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не е етничко, туку морално и кривично прашање , ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита. ДУИ се обидува скандалот со Фатмир Дехари да го претвори во етничка приказна. Тоа е евтин маневар. Ова не е Албанци против Македонци. Ова е злоупотребувач против жртви. Ова е прашање на достоинство, закон и одговорност, независно од етничката и верската припадност, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Јавноста слушна содржини кои будат сериозен сомнеж за сексуално вознемирување и притисоци во Општина Кичево. Наместо закрила на жртвите и отворање пат за истрага, ДУИ зборува за „подземје“ и „фабрикувани факти“. Тоа е класичен рецепт за одвлекување внимание од суштината и за заплашување на сведоци.

Нашите ставови се јасни:

Реклама

1. Итна суспензија на Фатмир Дехари од сите јавни функции до завршување на постапките.

2. Независна форензичка проверка на аудио материјалите од вештаци што немаат допир со политиката. Се што е автентично – во обвинителство.

3. Заштита на пријавувачите и потенцијалните жртви согласно законот; отворање дискретни канали за пријава.

4. Внатрешна ревизија во Општина Кичево за работната средина и можни злоупотреби на службена положба.

5. Јавна осуда на секој обид за етничка манипулација. Достоинството на жените не е партиски штит.

Кичево не заслужува тишина и релативизација. Граѓаните се зрели и точно знаат дека клевета се крие зад оние што се плашат од вистината.

Ќе инсистираме институциите да постапат професионално и непристрасно.

Во оваа држава правдата не смее да зависи од партиска книшка, етничка припадност или функција.