Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Демантот на лагите и манипулациите на Филипче за Реформската агенда стигна од ЕК, која на Македонија и додели најмногу средства од земјите во регионот

Лагите се специјалност на СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче, за тоа им нема конкуренција. Така и на оваа прес-конференција, Венко Филипче, по којзнае кој пат по ред, повторно излезе да шири лаги и манипулации. Но, како специјален пратеник и пиун на Румен Радев, кој стана главен промотор за прифаќање на бугарските диктати, друго и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лагите се специјалност на СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче, за тоа им нема конкуренција. Така и на оваа прес-конференција, Венко Филипче, по којзнае кој пат по ред, повторно излезе да шири лаги и манипулации. Но, како специјален пратеник и пиун на Румен Радев, кој стана главен промотор за прифаќање на бугарските диктати, друго и не се очекува, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да застане рамо до рамо со Владата и заеднички да се настапи за подобрување на македонските позиции, Филипче, во стилот на Коте од Руља, ја игра улогата на главниот внатрешен предавник на македонските национални интереси и идентитетски обележја.

Бара безусловно вклучување на Бугарите во Устав, без никакви гаранции и предвидливост на европскиот пат, тврдејќи дека тие се последниот услов од источниот сосед за продолжување на преговорите со ЕУ, додека претставниците на власта во Софија јасно посочиле во свои неодамнешни изјави, дека нивните апетити за македонската историја, јазик, култура сè уште поголеми.

Реклама

Филипче добро знае дека уставните измени само ќе го отворат процесот на понатамошните ултиматуми за национални и идентитетски отстапки, кои ќе доаѓаат од бугарска страна, но свесно влегува во ова предавство со кое се додворува на Бугарија, во надеж дека некој од надвор ќе го донесе на власт.

Тој филм Филипче нема да го гледа. Затоа што во Македонија на власт се доаѓа со победа на избори, не со предавство на народот и многу веројатно, народот ќе ги испрати во историјата. Граѓаните не прифаќаат уставни измени и поучени од предавството на неговиот претходник и ментор, Зоран Заев, поддршка за СДСМ нема да дадат.

Во однос на лагите и манипулациите за Реформската агенда, главен доказ кој им ги побива овие манипулации се финансиските средства кои Европската комисија и ги додели на Македонија, токму поради напредокот во спроведувањето на реформите. Од Програмата за раст Македонија доби 65,7 милиони евра, што претставува најголема сума од земјите во регионот кои Филипче, милува да ги набројува.

Ова е јасна потврда дека Владата посветено работи на спроведувањето на реформите и потврда дека Македонија најмногу напредува во Реформската агенда од сите земји во регионот.