Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали ПР шефот на СДСМ бил посредник за клучни зделки во енергетиката и промена на името на државата

СДСМ да не молчи, време е вистината за улогата на Башановиќ да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ да не молчи, време е вистината за улогата на Башановиќ да излезе на виделина. СДСМ не смее да бега од одговори пред македонската јавност за улогата на нивниот ПР шеф, Зоран Башановиќ, во клучни политички и економски процеси.

Дали Башановиќ бил посредник во чувствителни политички договори, вклучително и комуникацијата меѓу Зоран Заев и тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас околу промената на уставното име на државата?, прашува ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение. 

Јавноста има право да знае дали Башановиќ бил инволвиран во бизнис-зделки во енергетскиот сектор и дали постојат врски со компании кои добивале значајни државни договори.

Реклама

Дали компанијата на Колашинац “Зобек мининг гроуп” добила најскап договор со ЕСМ, затоа што фирмата „Лигниторихиа Ахлада“ која била концесионер на истоимениот рудник за ископ на јаглен била од Грција?

Фактот што Башановиќ е долгогодишен близок соработник на Заев отвора сомнежи за континуитет на истите структури и влијанија во рамки на СДСМ.

Јавноста очекува јасен одговор дали повторното ангажирање на Башановиќ во СДСМ е поврзано со некакви претходни финансиски обврски. Дали Заев му исплатил стари долгови на Башановиќ?

Дали Венко Филипче самостојно ја води партијата или е само продолжена рака на старите центри на моќ. Молкот не е одговор. СДСМ има обврска транспарентно да излезе пред граѓаните и да ги расчисти сите дилеми. Граѓаните заслужуваат вистина, а не игнорирање на прашањата.