Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Деаноски го претвора УПОЗ во клуб за лица блиски до СДСМ?

Се поочигледно е политичкото влијание на СДСМ во синдикалните структури на ССМ.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се поочигледно е политичкото влијание на СДСМ во синдикалните структури на ССМ. Последен пример за тоа е организацијата на четиридневни спортски игри во Чањ, Црна Гора, зад кои стои членот на претседателството на ССМ и претседател на УПОЗ, Трпе Деаноски. За организација на настанот биле потрошени 60.000 евра. Разочарани членови тврдат дека предност при изборот имале лица блиски до СДСМ. Наместо еднакви можности за сите привилегиите биле резервирани за однапред избрани луѓе, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Дали ваквите скапи патувања се приоритет на раководството на ССМ?

Раководството на ССМ се оддалечува од реалните проблеми на работниците и се претвора во групација која функционира по политички и партиски линии.

Реклама

Синдикатите треба да ги застапуваат интересите на сите работници, а не да бидат место каде привилегиите и бенефитите зависат од политичка блискост.

ССМ постојано губи членови, а членовите на претседателството ќе го претворат ССМ во политичка каста блиска до СДСМ.